Прва стрип колонија у Велесу!

Прва стрип колонија

kolonija veles 02

Оваа година во период од 21. август до 26. август во Ученичкиот дом „ Лазар Лазаревски“ во Велес за прв пат се организира меѓународна стрип колонија која е во организација на Стрип Центарот Македонија со поддршка на Општина Велес и Министерството за култура.

Оваа колонија е единствена од овој тип на Балканот, претставува еден вид на продолжение во организирањето на традиционалниот стрип салон, кој секоја година се организира во Велес. На првата стрип колонија годинава учествуваат 16 стрип уметници меѓу кои гости од Србија, Црна Гора како и поголем број на автори од Македонија.

Меѓу останатите, оваа колонија ја посети градоначалникот на општина Велес г.Аце Коцевски  кој им посака топло добредојде на стрип уметниците и истакна дека Општина Велес и во иднина ќе ја даде својата поддршка за организација на овој настан.

Авторите работат под менторство на проф. Владомир Весовиќ од реномираната Школа за Стрип „Ѓорѓе Лобачев“ од Србија која постои веќе 27 години на Балканот и од која има произлезено голем дел на познати стрип уметници кои творат во повеќе европски држави.

„Треба да сте свесни дека во Велес имате нешто единствено. Оваа Колонија е едниствена на Балканот и еден ден ќе може да имате светски професионалци од оваа школа“ - истакна проф. Весовиќ.

На колонијата учествуваат стрип цртачи од сите генерации. Еден од најискусните е 70-годишниот Тоде Блажевски. Вели дека Македонија е средина во која што стрипот достигнал одредена зрелост за да се организираат вакви колонии, на кои ќе дојдат врвни светски имиња.

„Велес треба тоа да го искористи, тоа е духовно богатство кое не е толку познато“ - рече Тоде Блажевски, стрип цртач и карикатурист.

Делата ќе бидат изложени на 16. Меѓународен салон за стрип Велес 2018 кој се планира да се одржи кон средината на октомври годинава а планирано е и нивно објавување во списанијата „Стрип Креатор“ и „Алманах“.

УЧЕСНИЦИ 1 ВА СТРИП КОЛОНИЈА „ВЕЛЕС 2018“

  • 1. Владимир Весовиќ -Белград, Србија
  • 2. Срѓан Јерковиќ-Белград Србија
  • 3. Симон Вучковиќ-Котор, Црна Гора
  • 4. Марко Серафимовиќ-Лесковац, Србија
  • 5. Стефан Стојковиќ-Лесковац, Србија
  • 6. Тоде Блажевски-Скопје, Македонија
  • 7. Јана Бутеска, Скопје, Македодонија
  • 8. Ана Марија Стефаноска-Скопје, Македонија
  • 9. Александар Стеванов-Штип, МаКЕДОНИЈА
  • 10. Ана Циглар-Рашка, Србија
  • 11. Никола Трифуновиќ-Рашка, Србија
  • 12. Лазе Ангелков-Велес, Македонија
  • 13. Ѓунај Абдулов- Велес, Македонија
  • 14. Василче Гаврилов- Велес, Македонија
  • 15. Илко Стојановски - Велес, Македонија

tacin 5 shop

Биографије и фотографије аутора (осим ако другачије није назначено) су под лиценцом Creative Commons: Ауторство-Делити под истим условима Creative Commons Attribution-Share Alike 4.0 Internationalcreativecommons.org
• За слике уметничких дела је дозвољено академско коришћење и поштена употреба.

Biographies and photos of the authors (unless otherwise noted) are licensed under Creative Commons: Attribution-Share Alike Creative Commons Attribution-Share Alike 4.0 International
• Artworks images are allowed for academic and fair use.